Двојно зголемени ноќевањата на домашните туристи

Bez autora
Jun 13 2010

Бројот на туристите во април 2010 година, во однос на април 2009 година, е зголемен за 8.3 отсто и изнесува 36.127, а бројот на ноќевањата е зголемен за 35.7 проценти и изнесува 86. 331. Бројот на домашните туристи во април 2010 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 17.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.3%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2010 година, во однос на април 2009 година, е зголемен за 91.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 3.3%. Во периодот јануари-април 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 8.2% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 8.2%, а кај странските е забележано намалување за 8.1%.

Двојно зголемени ноќевањата на домашните туристиБројот на туристите во април 2010 година, во однос на април 2009 година, е зголемен за 8.3 отсто и изнесува 36.127, а бројот на ноќевањата е зголемен за 35.7 проценти  и  изнесува 86. 331, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во април 2010 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 17.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.3%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2010 година, во однос на април 2009 година, е зголемен за 91.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 3.3%.

Во периодот јануари-април 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 8.2% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 8.2%, а кај странските е забележано намалување за 8.1%.

Во периодот јануари-април 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1% и тоа: кај домашните туристи зголемувањето изнесува 14.1%, а кај странските е забележано намалување за 9.9%.

Бројот на странските туристи во април 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 31.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 24.4%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik